Header Ads

На Неда Украден ќе и го одземи ли државата имотот во Црна Гора?


Неда Украден која повеќе од 40 години има куќа за одмор во Тиват - Црна Гора, соопшти пред неколку дена дека општината сака да и ја одземи куќата поради јавен интерес.


-     „ Овде имам куќа од 1975 година, а во 1989 во нејзина близина купив уште еден плац од 359 квадрати. Кога неодамна побарав граѓанска дозвола за ќерка ми и зет ми на тој плац да изградат нешто, испадна дека од мојот плац волшебно ги нема 90 квадрати, кои се припишани  на соседните плацови...“ – споделила Неда како што пренесува сајтот Vijesti.me.



 Во октомври минатата година на Неда и стигнало писмо во кое пишело дека и се одземат 50 квадрати на спорниот плац, како и на оној на кој и е изградена куќата во јавна корист. Имено, таа тврди дека ја уценуваат да го продаде плацот инаку нема да добие граѓанска дозвола.

-       - „ Сега се на ред разни уцени – не ми даваат граѓанска дозвола бидејќи не се согласувам со таа поделба во која веќе имат присвоено мој дел од имотот, и плус сакаат патот да го прошират од 3,5 метри, на 6 метри. Јас тоа нема да им го дозволам“ – тврди пејачката


Инаку, Неда секое лето го поминува во Тиват, каде што се одмора, а од неодамна друштво и прават и нејзините внуци.

Автор:Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.