Header Ads

Елена Велевска сними спот на нова песна

                                                                                                                                                                    Елена Велевска


Сексапилната македонска пејачка Елена Велевска интензивно работи на нејзиниот нов албум кој треба да излезе наскоро.

Таа пред неколку дена кон една од песните кои ќе се најдат на него, сними и видеспот низ повеќе локации во Охрид. Тој е кон песната „Остани“ која треба да излези до броени денови. Инаку, она што последно беше ново околу неа, беше и спотот кон песната „Лоша копија“, која ја претстави минатата година и веднаш стана хит.
Исто така Елена во моментов е во преговори за нејзината европска турнеја за која ќе се знае наскоро кои градови ќе ги опфати, но она што веќе е сигурно е тоа што има закажано турнеја низ Австралија за ноември и декември.

Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.