Header Ads

Емануела наскоро со нова песна




Емануела вчера сподели слика на која напиша „Скоро“ пред своите фанови во Facebook и со тоа јасно стави до знаење дека подготвува нов проект.




Фолк ѕвездата  која во моментов го очекува своето второ дете, сака пред да се повлече за кратко од сцената, да ги израдува фановите со нова песна. Но, засега не споделува кои се авторите на песната и дали таа ќе се појави со видеоспот.

Потсетуваме дека нејзината последна песна „Трий ме“ излезе во мај месец и сеуште се радува на одличен прием кај публиката. И имено, Емануела пред извесно време спомна во едно интервју дека покрај нова песна, подготвува и нов дует кој треба да излези до крајот на годината.


Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.