(Интервју) Тина Ивановиќ: Човекот се учи од грешките
Тина Ивановиќ е една од
ретките пејачки на српската естрада која секогаш искрено говори за се. Животот
ја научил дека треба да се ценат вистинските пријатели, блиското семејство, но
најмногу од се себе си. Во интервју за нас, таа споделува дека она
што најмногу и недостасува од златните години на поп фолкот е „ искреното
дружење со колегите...тогаш не постоеа друштвени мрежи како што е тоа денес
присутно, така да повеќе се дружевме, пиевме кафе, а сега е тоа се
помалку и помалку...“.
Што и се променило во
животот од почетокот на нејзината кариера до денес, дали се смета себе си
вистински избор за да биде член на жири на некое музичко шоу, како и многу
други работи ќе откриете во искреното интервју пред Estrada World.
1. Тина, ти си долго на музичката сцена. Дали понекогаш чувствуваш носталгија кон златните
времиња на поп фолкот, кога не само ти, туку и твоите колеги тогаш
направивте хитови кои и ден денес се и понатаму пејат, а песните на повеќете
млади пејачи ги забораваме за два-три месеци?
Знаете
како, чувствувам носталгија кон тие времиња, беше се поинаку, не беа многу
пејачи како што е случај денес! Тогаш можевме своите албуми да ги изрекламираме
како што треба, имавме повеќе медиумски простор. Моментално кај нас владее
хипер продукција, речиси секој ден излегува по една нова песна и народот повеќе
не може да ги запамти ни името на пејачот, а камоли песната... затоа пејачите и
се поретко снимаат цели албуми, бидејќи е тоа начисто фрлање пари. Што се
однесува до мене подобро е на секои два –три месеци да се вадат по една или две
песни и тоа убаво да се изрекламират за да имаат ефект.
2. Што
ти недостасува најмногу од тој период на твојата кариера?
Ми недостасува искреното
дружење со колегите...тогаш не постоеа друштвени мрежи како што е тоа денес
присутно, така да, повеќе се дружевме, пиевме кафе, а сега е тоа се
помалку и помалку...
3. Дали
постои во твојот живот нешто за што најмногу жалиш? Или нешто што би го
направила поинаку, ако можеш да го вратиш времето?
На пример
да можам да го вратам времето, не би се дружела со одредени колеги и пријатели,
за кои сум мислела дека ми се искрени пријатели, али всушност тоа не биле. А, и
постојат многу работи кои би ги направила поинаку да можам да го вратам
времето, али што е тоа е, животот продолжува! Не се кажува за џабе „Човекот се
учи на грешките додека е жив“.
4. На почетокот на ова лето, песната “Ko rano poludi” имаше
своја премиера кај фановите. Како дојде до идеја да пуштиш песна, во малку
различен стил од она што досега имавме можност да го слушнеме од тебе?
На прво слушање
ми се допадна „KO RANO POLUDI” и затоа го променив малку
правецот во музиката, и можам вас да ви кажам дека се исплати! Реакцијата на
публиката е супер, а тоа е најважно.
5. Моментално
подготвуваш ли нешто ново за есента?
Преслушувам некои
нови песни, така да слободно може да очекувате нешто ново од мене во блиско
време.
6. Твојот последен
албум излезе пред неколку години и беше многу успешен. Скоро да очекувате ли
фановите од тебе нов албум?
Како што веќе во
претходните одговорив кажав, засега само сингловите се опција, додека некои
коцкички не се сложат па јас да се одлучам да издадам цел албум.
7. Што е пресудно, за
една песна да се пронајде на твојот репертоар?
Песната
мора да има нешто што мене ќе ме привлече во старт кога ќе ја слушнам, како
прво мора да биде добра мелодија, добар ритам и текст за кои јас барем мислам
дека се привлекува внимание. Досега успевав секоја моја песна да привлече
внимание и тоа ми беше и цел!
8. Да не планираш
некој дует?
И дует е во план, ама
тоа не би сакала да го откријам однапред, нека биде изненадување, бидејќи
сеуште сум во фаза на преговори...
9. Го памтиш ли твојот
прв јавен настап? Како се чуствуваше тогаш?
Секако
дека го памтам... тоа беше натпревар за „Прв глас за поморавља“ и тогаш ја
освоив својата прва награда, тоа ми остана во убаво сеќавање... Тоа ми беше
ветар во грбот за да продолжам да се борам за моето место на естрадата.
10. Се сметаш ли
себеси за вистински избор за да бидеш член на некое жири како што се X
Factor , The Voice и сл.?
Знаете
како? Постојат доста стари и поискусни колеги за тоа прашање, така да јас нив
тоа им го препуштам. Не би се мешала јас во тие работи, бидејќи едноставно јас
не би имала срце да му кажам на некој натпреварувач дека не поминал или дека
нема талент, бидејќи знам што се тие кутрите преживуваат, така да не сакам,
фала...
11. Ова лето
навистина работеше со „полна пареа“. Имаше бројни патувања и настапи...
Да, така
е! Ова лето добро настапував и ја испромовирав песната „KO RANO
POLUDI“, така да настапите продолжуват и понатаму во текот на есента.
12. Сето
тоа бара посебен начин на живот, како ја одржуваш кондицијата и го чуваш
гласот? Тоа е работа на талент или долгогодишното искуство?
Можам вас да ви кажам
дека тоа е долгогодишното искуство, а и кога имам настапи се трудам колку што
можам да не зборувам многу, да се одморам, да не се нервирам и да спијам многу,
бидејќи само спиењето е лек за уморено грло.
13. Внимаваш ли
посебно на твојата храна, со оглед на тоа што имаш одлична линија?
Фала на
комплиментот! Верувале или не , не внимавам на храната толку драстично, како на
пример да се изгладнувам и слично. Јадам кога сум гладна, не е важно кој дел од
денот е или пак ноќ да е во прашање. Бидејќи јас немам куќна помошничка, се
сама работам, така да, тој вишок го трошам во текот на чистењето и разните
работи низ куќата.
14. Бидејќи си
ѕвезда, папараците често те опседнуваат, дали навистина успеваш да се одмориш
во слободното време?
Знаете како,
ова лето имав закажани настапи во Србија, Црна Гора, Босна и Хрватска, така да
јас секое лето се наоѓам сместена во Будва на некои 20-тина дена и отаму
патувам на настапите, така да тоа не ми е баш вистински одмор. А, што се
однесува до папараците од нив не можам да се скријам во Црна Гора, луѓето си ја
работат својата работа така да јас тука не можам ништо. На заслужени одмор ќе
одам наскоро, најверојатно во Египет така да доправа ќе се одморам.
15. Што е најлудо што
си направила за љубов?
Многу нешта,
али тоа не е за во јавноста... хахахаха (се смее)
16. По што сакаш
луѓето да те запамтат?
Би
сакала луѓето да ме памтат по добрина, искреност и по добрите дела...секако и
по песните!
17. Имаш ли планови за
иднината или се доверуваш на максимата „животот е сега, а не некогаш кога..“?
Секако.
Секој жив човек има планови и желби. Јас искрено мислам дека не треба да
се прават планови, бидејќи една стара поговорка вели „Прави планови за Бог да
ти се смее“. Затоа јас имам желби и ќе се потрудам тие желби да ги исполнам. Ви
посакувам Вас многу поздрави и бакнежи од срце...
Ваша, Тина
Ивановиќ
Интервју: Наташа Секуловска за Estrada World
Фото: Лична архива
-
-
No comments