Header Ads

(Фото) Румјана Попова и Мирослав Илиќ со голем заеднички концерт

Румјана Попова и Мирослав Илиќ - Перник, Бугарија

Славејот на македонската песна Румјана Попова и српската легенда Мирослав Илиќ пред неколку дена во бугарскиот град Перник одржаа голем заеднички концерт, по повод 100 години од создавањето на фудбалскиот тим „ Миньор“.

Концертот се одржа на истоимениот стадион во Перник, каде што цели три часа љубителите на балканската музика уживаа во изведбите на познатите пејачи, кои се раздадоја целосно на публиката, оставајќи незаборавни спомени помеѓу присутните, а пред самиот старт тие им доделија на нивните обожоавтели фудбалски топки со нивни автограми за спомен.
Румјана Попова и Мирослав Илиќ - Перник, Бугарија

Румјана Попова - Перник
Имено, за прв пат беше изведен и нивниот дует „Necu da zivim bez tebe”, кој ги собра позитивните коментари од страна на публиката, а е дело на композиторот Мише Мијатовиќ, додека пак за текстот се погрижи Стеван Симеуновиќ. Ексклузивно ви откриваме дека наскоро ќе излезе и неговиот видеоспот.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Диапазон рекордс 


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.