Маја Беровиќ одржа спектакуларен концерт во Охрид!
Маја Беровиќ - Охрид |
Маја Беровиќ направи голем и незаборавен концерт на
стадионот „Билјанини извори“ во Охрид на 30-ти јули, каде што присуствуваа
речиси 8.000 илјади луѓе.
Забава до зори и многу емоции го придружуваа целиот настап, а пејачката се
раздаде целосно и ја воодушеви публиката со изглед, темперамент и харизма. Имено,
публиката во ниту еден момент не престана да пее во еден глас со Маја, која ги
изведе своите најголеми хитови во кариерата како „Devojacko prezime“, „Sama“, „Broj“,
„Sahara“, „Mala Lomi“, „Pravo Vreme“,
како и најновиот дует со својата колега Аца Лукас „Problem“.
Маја Беровиќ - Охрид |
Маја Беровиќ - Охрид |
После Македонија, нејзината турнеја продолжи кон Будва,
каде што на 1-ви август одржа концерт на Top Hill, но за сите оние што ја пропуштија забавата, закажан е уште еден настап на 11-ти
август.
Маја Беровиќ - Будва |
Напоменуваме дека и овој викенд предвидува многу расположение, жешки хитови
и весели емоции за обожователите на Маја и за сите оние кои сакаат да се
забавуваат со добра музика, затоа што нејзиниот следен настап е во Дискотека
Камел- Сански Мост оваа вечер.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Интернет
No comments