(Видео) Ивелина Колева со двојно изненадување за љубителите на народната музика
Ивелина Колева |
Една од најпопуларните бугарски народни пејачи Ивелина Колева ја претстави својата најнова авторска песна „Ума съм си загубил” во
официјалниот канал на телевизија Планета Фолк ТВ во YouTube - Planeta
Folk Official.
Песната наиде на одличен прием кај публиката, а за тоа се
заслужни и луѓето кои стојат позади нејзината реализација. Имено тоа се
композиторот Живко Желев и поетесата Полина Дакова, кои создадоа мелодија типична за
добруџанскиот стил во Бугарија, додека пак режисер на видеото е Петар Картулев кое е снимено во Добруџа - родниот крај на пејачката и во него Ивелина се појавува во народни носии од Маја Брдарова.
Исто така, ексклузивно ви откриваме дека Ивелина има готова и втора
авторска народна песна за оваа година која носи наслов “Майчина земя“ која се очекува наскоро да и биде претставена на публиката.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Фолк ТВ
No comments