Роксана: „Нема поголема награда од љубовта на публиката“
Роксана |
Роксана е бугарскa пејачкa која ги освои срцата
на публиката во телевизиско музичко шоу пред осум години и важи за изведувачка која секогаш имала добро однесување кон публиката и медиумите, по што одлучи по повод разните шпекулации низ
медиумите кои се шираат деновиве лично да стави нивни крај.
Таа имено изјави дека публиката е она што и дава сила низ сите овие години и нема разлика во нејзиното однесување кога го користи уметничкото име Роксана или пак нејзиното вистинско име Антоанета Линкова и со сите колеги е во одлични професионални односи.
Таа имено изјави дека публиката е она што и дава сила низ сите овие години и нема разлика во нејзиното однесување кога го користи уметничкото име Роксана или пак нејзиното вистинско име Антоанета Линкова и со сите колеги е во одлични професионални односи.
„Публиката е мојата сила, затоа што тоа се луѓето кои ме
гледаат како кралица. Му благодарам на
Бог за мојот глас и што ми даде „армија“ од обожователи. Јас сум таква, каква
што сум секогаш. Моите најблиски, мојата публика и луѓето со кои работам, ме
сакаат и почитуваат, затоа што разликата помеѓу Антоанета и Роксана е само во
името и со моите колеги сум во добри односи и смело можам да кажам дека тоа се
луѓе кои работат супер и се едни од најцентите личности не само во Бугарија, но
и надвор од нејзините граници“.
Роксана |
Воедно потсетуваме дека нејизниот најнов музички проект “Една любов” во која се вклучува пејачот Фики за само неколку дена регистрира над 1 милион
прегледи во YouTube каналот на Планета Тв, што вистински ја воодушеви
пејачката сподлеувајќи:
“Ви ветувам дека од овој момент ќе правам песни во кои
целосно ќе оставам дел од мојата душа. Престанувам да ги следам сите
музички трендови, затоа што одлучив единствено
да ве следам Вас и моето срце. Ви благодарам уште еднаш за вашата љубов и нема
поголема награда за еден изведувач од љубовта на публиката. Ве сакам!
Песната е
готова уште од пред една година и е дело на самата пејачка, со изработен аранжман од страна на композиторот
Мартин Биолчев, додека пак видеото го изработи режисерот Николај Скерлев со кој Роксана соработува долги години.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments