(Фото) Летната сезона примамлива и за балканските музички ѕвезди
Преслава, Елена Велевска, Татијана Стефановска и Джена |
Топлото и сончево време кое примамува преку целата летна
сезона, не ги остави рамнодушни ниту балканските музички ѕвезди, кои одлучија
месец август да го посветат на шетање и летни одмори.
Овие денови со морски слики во социјалните мрежи активни
беа многу и од бугарските музички ѕвезди, меѓу кои и Джена која се радува на Црното
Море споделувајќи слики од својот одмор каде што ужива заедно со своето семејство и во друштво од
блиски пријатели, додека пак дивата Глорија која оваа година исклучиво е посветена
на патувањето заедно со својата најголема љубов ги обиколува пред се грчките острови насладувајќи се
целосно на животот.
Джена и Атанас Стоеви |
Глорија |
Преслава за прв пат ужива во убавините на морето заедно со
својата единаесет месечна ќеркичка Паола и сопругот Павел, споделувајќи слики
на социјалните мрежи каде што покрај фактот што демонстрира одлична фигура, имаме можност да видиме и како лудо
се забавуваат со сопругот, несебично покажувајќи колку вистински се сакаат.
Преслава |
Сексапилната Румина и оваа година одлучи да летува покрај
Црното Море, каде што ужива во компанијата на своето семејство, воедно
демонстрирајќи сексапил и одлична фигура собирајќи енергија за новите проекти,
затоа што во моментов нејзината песна „Ти си тук“ се радува на одличен прием
кај публиката.
Румина |
Но, и нашите македонски ѕвезди Татијана Стефановска и Елена Велевска одлучија да летуваат и тоа покрај Охридското Езеро и грчките острови, насладувајќи се сто проценти на животот, затоа што и покрај фактот што
е лето, тие беа пренатоварени со работа, воедно подготвувајќи и многу
изненадувања за есента.
Татијана Стефановска и Елена Велевска |
Тина Ивановиќ, Маја Беровиќ, Катарина Живковиќ се само
дел од пејачките кои исто така се релаксираат и уживаат во летото и морските бранови, од каде што
црпат енергија за идните концерти закажани за во месец септември.
Тина Ивановиќ, Маја Беровиќ и Катарина Живковиќ |
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Лична архива
No comments