(Видео) Лорена ја претстави својата најнова песна „Нищо“
Лорена е едно од новите имињата на бугарската
естрада кои смело воведуваат иновативен дух во современиот попфолк. За кратко
време стана ценета и барана не само во соседна Бугарија, но и пошироко вооедно
редејќи хит зад хит, а пред два дена го претстави својот нов музички проект „Нищо“.
„Најважно е да се претстави квалитетна продукција.
Публиката има свој вкус и таа решава што ќе се слуша и смело можам да кажам
дека не е потребно да бидат познати автори, ние имаме многу талентирани
композитори и писатели. Повторно велам дека желбите на публиката се најважни и
од нив зависи колку едно парче ќе биде прифатено и затоа ние се трудиме да
предложуваме песни по нивни вкус“ – сподели таа екслузивно за нас.
Песната „Нищо“ е по музика и аранжман на композиторот Даниел Ганев, додека пак
силниот текст е дело на Петар Петров. Режисер на видеото е Георги Марков, а за
време на снимањето пејачката сними и
нова фотосесија која екслузивно за прв пат ви ја покажуваме, а е дело на
фотографот Теди Грозданов.
„Секогаш сум споделувала дека е најважно како тоа го
покажуваш. Во секојдневието си се потпирам целосно на мојот сопствен вкус. За
проектите работам со тим, заедно разгледуваме идеи и донесуваме решение. Сакам
да еспериментирам, но никогаш не би облекла нешто што не ми се допаѓа, не би ја
направила косата на начин на кој меене не ми се допаѓа, дури и да е актуелно“ –
категорична е Лорена, а целото интервју со неа може да го прочитате во делот
Интервју.
Една любов сега рушиш....
Едни мечти сега дължиш...
и после..... #НИЩО 💔
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Теди Грозданов
No comments