(Видео) Вања го испраќа месец април со нов видеоспот „Втори живот“
Вања го испраќа месец април, со нов видеоспот. Станува
збор за песната „Втори живот“, која е создадена по музика од нејзина страна,
додека пак Јордан Георгов го напиша текстот, која предизвика многубројни
коментари низ интернет пространството со својата силна порака. Динамичното
музичко парче е по аранжман на Борислав Павлов, а во него нејзините обожователи
имаат можност да слушнат интересни ориентални мотиви.
Видеото е дело на режисерот Николај Скерлев, во кое Вања
се довери целосно во однос на стајлингот на својот сопстевен стил и вкус, а за
време на снимањето сними и нова фотосесија.
Публиката ќе има можност денес да ужива во премиерата на
песната на клубната сцена во ноќна Софија во клубот Night Flight.
Во прилог, погледнете го музичкиот проект:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments