(Интервју) Лорена: „Очекувaјте наскоро нова песна и видеоспот од мене“
Лорена е едно од
имињата на бугарската естрада кои смело воведуваат иновативен дух во современиот
попфолк. За кратко време стана ценета и барана, вооедно редејќи хит зад хит, а
во ексклузивното интервју кое ни го даде нас како македонски медиум за прв пат,
открива од каде започнала нејзината музичка кариера, дали поготвува нови песни,
како и одговор на често поставуваното прашање до овој моменнт- до каде е со
подготовката на првиот и музички албум.
Здраво Лорена. Најпрвин ти благодарам за оделеното време
да бидеш моја гостинка. Каква е всушност Лорена како човек, кога е надвор од
светлина на рефлекторите?
И јас исто така ви благодарам. Лорена е иста како и на
сцената. Дива, луда ... Имам многу малку време за одмор, на пример после
неколку настапи, не сакам да седам дома и да се досадувам.
Ја започна твојата музичка кариера пред две години, кога
потпиша договор со „Хит Микс Мюзик“ која е во сопственост на македонскиот
композитор Јорданчо Василковски – Оцко. Но, сигурна сум дека македонскста
публика ја интересира од каде ја наследи љубовта кон музиката и од која годишна
возраст започна да пееш.
Јас пеам откако се сеќавам. Во интерес на вистината имам
многу блед спомен од градинката, кога органзираа некакви претстави – јас бев од
првите деца кои веднаш скокаа на сцената и започнував да пеам. Како целина,
поголем дел од моето семејство се музичари, на пример мајка ми пее, јас
израснав со народна музика.Во моето семејство и дома нон стоп се слуша музика.
Првата твоја песна беше „Все ми е тая“ кое беше гледано
од над 100.000 корисници на YouTube во првите 24 часа. Во него учество зема и
пејачката Галена. Како се роди идејата да ја поканиш баш неа да ти гостува?
Таа е личност која стои зад почетокот на мојата музичка
кариера и потпишувањето на мојот
договор. Таа е најблиска личност до мене и за мене немаше подобар изведувач од
Галена.
Направи одлична песна „Жена за лудница“, а после тоа ја
запиша „Нощта гърми“ во дует со Галин.
Да очекуваме ли во иднина да направиш повторно дует со него?
Многу го почитувам и го сакам Галин не само како
изведувач, ние и како луѓе доста си одговараме, така да со најголемо
задоволство би направила уште проекти со него.
На 24-ти и 25-ти декември минатата година ги пушти
баладата „Внимавай какво си пожелаваш“, во која учествуваа пијанистот Евгени
Генчев и пејачот Джордан, како и песната „Ако можеш“. Задоволна ли од нивниот
успех?
Се разбира. Страшно многу сум задоволна. И двете парчиња
се примија многу добро од публиката. Баладата „Внимавай какво си пожелаваш” е
преживеана песна и текстот е целосно по моја идеја. Учеството на Евгени Генчев кој
е класичен пијанист и никогаш не свирел поп фолк, беше голем експеримент –
успешен, додека пак Джордан од својата страна е еден од најлиричните машки
гласови во Бугарија придонесе за прекрасниот крај на песната. "Ако
можеш" е многу различна песна од останатите ми и ме освоу уште кога ја
слушнав за прв пат во студиото. Песната е еден многу квалитетен проект и како
музика и како текст и како видео реализација,и исклучително многу ме радува нејзиниот
успех.
Колку е важно денес, како изведувач, да се слушаат
желбите на публиката или е доволно да има само познати автори на песната?
Најважно е да се претстави квалитетна продукција.
Публиката има свој вкус и таа решава што ќе се слуша и смело можам да кажам
дека не е потребно да бидат познати автори, ние имаме многу талентирани
композитори и писатели. Повторно велам дека желбите на публиката се најважни и
од нив зависи колку едно парче ќе биде прифатено и затоа ние се трудиме да
предложуваме песни по нивни вкус.
Кое е следното изенадување што ни го имаш подготвено?
Сега подготвувам ново парче и многу набрзо ќе му снимам и
видеоспот. Можеби кон крајот на месецот или во почетокот на идниот ќе го
презентирам.
Може ли во иднина да очекуваме дует со некои од нашите
најпознати македонски музички ѕвезди?
Зошто да не. Многу ќе се радувам прво да ја посетам
вашата држава и да се запознам со македонските обожователи и потоа зошто пак да
не направиме некој заеднички проект со македонски изведувач. Македонската
публика изгледа многу блиска до бугарската како темперамент и би било навистина
интересно.
Имаш ли планови да издадеш музички албум?
Во оваа фаза не сум размислувала околу тоа. Фокусирана
сум врз песните кои ги презентирам. Но,
кога ќе му дојде времето и јас самата го осетам тоа, ќе го направам.
Се одвојуваш со уникатен секси стил на облекување, кој не
ги остава рамнодушени сите гледачи, и посебно ја нагалсува твојата убавина, а
погледот волшебен. Кој се грижи за твојот изглед и стил?
Секогаш сум споделувала дека е најважно како тоа го
покажуваш. Во секојдневието си се потпирам целосно на мојот сопствен вкус. За
проектите работам со тим , заедно разгледуваме идеи и донесуваме решение. Сакам
да еспериментирам, но никогаш не би облекла нешто што не ми се допаѓа, не би ја
направила косата на начин на кој меене не ми се допаѓа, дури и да е актуелно.
Која е твојата порака кон македонските читатели кои
нестрпливо те очекуваат да дојдеш во Македонија?
Со најголемо задоволство би ја посетила твојата држава,
се надевам да се случи набрзо. Мојата порака кон сите ваши читатели е да слушат
убава и квалитетна музика и да се забавуваат на неа...вклучувајќи ги и моите
песни.
Интервју: Наташа Секуловска
No comments