Евергинот „Шушана“ овој пат како „Сузана“ заживеа во изведба на Влатко Алексовски
Влатко Алексовски после неверојатниот успех на својот
најнов албум „За тебе“, во издание на Senator Music пред неколку дена ги
израдува обожователките со нова песна.
Евергинот „Шушана“, кој е вклучен во албумот на
поранешниот југословенски - белгиски прогресивен рок бенд Dah, основан во 1972
година од Златко Манојловиќ, вклучен во нивниот репертоар од 1975 година,
додека пак други ги наоѓаат неговите корени уште во далечната 1967 година,
испеана од Оливера Вуцо, овие денови повторно заживеа во изведба на нашиот
познат пејач, под наслов „Сузана“.
Љупобитно е да се забележи дека во нашата земја, исто
така оваа песна се претвори во хит за многу кратко време, откако Влатко ја
претстави во нов стил со тв-верзија во студиото на ИН ТВ, уште еднаш
докажувајќи дека за убавата музика, нема граници.
Во прилог, преслушајте го популарниот хит „Сузана“:
Автор - Наташа Секуловска
No comments