(Фото) Елена Велевска: „Подготвувам многу изненадувања за публиката ова лето“
Нашата позната фолк пејачка Елена Велевска, секогаш знае
како најдобро да ги израдува своите обожователи.
И покрај многубројните патувања, пред сѐ во
последниот период, не само во Македонија, но и во странство, полнејќи
ги салите, а за настапите се бараше карта повеќе, оставајќи позитивни впечатоци
помеѓу публиката, не само со својот талент, но и со одличниот изглед, таа најде
време да сними и нова фотосесија.
Овој пат за локација за кадрите беше избран еден од најстарите
градови во Македонија – Дојран, а дел од фотосесијата имате можност да
погледнете и тука, која е дело на познатиот наш фотограф Томе Табанов.
„Последното нешто кое го правам, е да се доживувам себе
си како сексимбол. Јас вложувам во актерскиот образ, кој ги соединува не само
песните, но и одличниот изглед, затоа што ако двете работи, не се во хармонија,
ќе е многу потешко да се издвоиш. Се е поврзано.“ – сподели таа за Планета
ТВ.
Елена ексклузивно за нас откри дека подготвува и
телевизиска верзија на стара народна песна која ќе излези наскоро, а за чии
потреби дел од кадрите се снимаа и во манастриот „Св. Климент и
Пантелејмон“ - Плашоник во Охрид, а очекувајте и уште многу други
изненадувања од неа оваа лето.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Томе Табанов
No comments