Header Ads

(Видео) Румина посекси од секогаш во видеоспотот за песната "Тая ненормална"


Сексапилната пејачка Румина, откако се врати на музичката сцена минатата година со хитовите „Не си за мен“ и „Искам те“, пред два дена ги изненади своите обожователи со нова летна песна која ја подготвуваше подолго време и премиерата беше по Фен ТВ.

Станува збор за динамичното музичко парче „Тая ненормална" кое е дело на композиторот Боби Павлов, додека текстот го напиша Мариета Ангелова.
„Оваа песна е мојот летен подарок за сите вас. Се надевам ќе ви се допадне, затоа што ја подготвував со многу љубов“. – изјави Румина за нас.

Режисер на видеоспотот е Николај Скерлев, кој за локација го избра с.Равно поле и комплексот голф клуб и СПА „Св. София", а Румина за време на снимањето сними нова фотосесија која ја истакнува нејзината одлична фигура и е дело на фотографот Чавдар Михајлов.





Автор - Наташа Секуловска
Фото - Чавдар Михајлов

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.