(Фото) Елена Велевска блеска во својата најнова фотосесија
Елена Велевска отсекогаш важи за изведувачка со запазена
марка за висок квалитет и одлична музика, проследена со стил и класа, која секогаш
знае пријатно да ги изненади своите обожователи.
Покрај многубројните настапи овој период и подготовката
на нова летна песна, таа деновиве ја претстави својата народна песна „Крштевка“
која со сигурност ќе го пронајди своето место помеѓу семејните прослави, но
успеа да сними уште една нова фотосесија.
„Бескрајно многу ја сакам народната музика,
затоа паралелно со попфолк песните кои ги создавам, не заборавам да го збогатам
и својот народен репертоар“ – сподели таа за нас.
Фотосесијата која
се снимаше во Охрид, е дело на фотографот Томе Табанов со кого сексапилната
пејачка соработува долго време.
„Мене од секогаш ме фасцинирале професионалци, се додека
од себе не направив голем професионалец каков што гледате денес. Благодарам, на
сите кои секогаш се до мене во работата и до мојата публика која верно ме бодри
сите овие години“. – напиша Елена над еден од кадрите во социјалните мрежи, кои
веднаш предизвикаа позитивни коментари, пред сѐ за одличниот стајлинг и
перфектната фигура која ја демонстираше нашата атрактивната пејачка.
Во прилог, погледнете ексклузивен дел од фотосесијата:
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Томе Табанов
No comments