Погледнете ги хитовите „Каде после мене“ и „Доктори 100 да ме лечат“ во изведба на Елена Јовческа
Прилепчанката Елена Јовческа е една од нашите најпознатите
фолк пејачки, попозната како амбасадор на нашата култура и традиција која со
помош на музиката и со свирењето на изворни музички инструменти како гајдата и
зурлата, стана ценета и барана кај нашинците во странство.Таа и покрај
многубројните настапи овој период и интензивната подготовка на новиот албум,
кој се очекува да излези наскоро успеа да ги израдува своите обожователи со
нешто ново.
Покрај народните песни, од кои последна ја претстави пред некој ден „Македонци не има сегде“ а наскоро за неа ќе снима и спот, Елена најде време да
сними и кавар на две познати песни од емблемата на македонската музика –
Благица Павловска.
„Мислам дека младите, а и јас слушаме тоа што ни е убаво.
Ако некој смета дека треба да се слуша некоја музика, мислам дека не можиме да
го промениме тоа мислење...затоа и пеам се на моите настапи за сите да сме
задоволни“. – сподели за нас.
Станува збор за хитовите „Каде после мене“ и „Доктори 100
да ме лечат“ кои беа претставени со нови аранжмани и телевизиски верзии снимени
во студиото на Ин Тв во Охрид, а за кои од публиката собра суперлативи за
неверојатното исполнување на песните, а Елена ексклузивно за нас открива дека подготвува уште многу други
изненадувања за обожователите оваа лето.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments