Цеца ги избра Преслава и Галена да пеат на нејзиниот концерт во Несебар
Две од најпопуларните бугарски ѕвезди во моментов на
музичката куќа „Пајнер“ во соседна Бугарија - Галена и Преслава се
собираат специјално за мега концертот на Цеца на 21 август во Несебар.
Лично балканската дива Цеца Ражнатовиќ ги избрала да
пејат заедно со неа на концертот кој е дел од нејзината турнеја „Poziv”, а за
кој билетите се веќе во продажба и можат да се купат преку Eventim,
како и на стадионот во Несебар.
Имено, Преслава и Галена ќе ја забавуваат публиката еден
час пред излегувањето на Цеца на сцената, за кое што имаат и подготвено и
специјално шоу со кое ќе ги израдуваат нивните фанови.
Автор: Наташа Секуловска
No comments