(Фото) Саша Ковачевиќ ја воодушеви македонската публика со својот настап во Прилеп
Миленикот на женската
публика Саша Ковачевиќ пред неколку дена одржа незаборавен концерт во Прилеп пред
70.000 луѓе.
Всушност тој го отвори познатиот Пиво фест, а публиката се радуваше
на неговиот настап цели два часа, каде не само што ги испеаа неговите неговите
најголеми хитови, како "Lapsus", "Branim", "Rano
je", "Slucajno"...,туку не заостанаа и хитовите на Тоше
Проески, Дино Мерлин, а публиката пееше заедно со него, што се докажа дека уште еднаш ги воодушеви македонските фанови.
Исто така, неговите фанови ќе можат да уживаат во
неговите настапи закажани во Охрид, Кочани, Велес, Струмица за идните денови,
бидејќи неколку години наназад српскиот пејач во летниот период настапува во
Македонија и сподели дека е многу среќен што градоначалникот на Прилеп одлучил
оваа година тој да го отвори фестивалот, од кој понесол само убави спомени.
Автор: Наташа Секуловска
No comments