Джена со голема журка го прослави својот 30-ти роденден
Джена со голема журка во
Софија го прослави својот роденден кој беше на 3 јули. Оваа година празникот за
ѕвездата беше доста специјален затоа што таа наполни 30 години.
Во официалниот
Facebook профил фановите ја израдуваа со многу честитки, специјални видеа, како
и многу подароци кои уште од раните утрински часови и пристигнуваа. Исто така
таа сподели слики од празникот на кои за прв пат официално го претстави своето семејство пред фановите.
Се разбира помеѓу
гостите присуствуваше и нејзиниот тим со кои Джена работи на нејзините
последните музички проекти во последните неколку години, а имено за кој пред неколку
дена сподели дека зад нејзиниот успех се кријат лица без кои не се може да се
биде она што си и им е многу благодарна што се до неа.
Во меѓувреме таа сподели дека работи на шпанска верзија
на нејзиниот најнов летен хит „Градът работи за мен“ која ќе биде претставена
со видеоспот за неколку дена.
Автор: Наташа Секуловска
No comments