Елена Велевска со промоција го претстави најновиот албум „Ѓердан за душата 2“
Македонската пејачка Елена Велевска завчера го
промовираше својот најнов албум со староградски песни „Ѓердан за душата 2“
отпеани заедно со групата „Чардак“.
Промоцијата беше во хотел „Милениум“ во Охрид на која
присуствуваа голем број на гости, додека пак од колегите единствено беа Татијана Стефановска со сопругот Митко, иако Елена имала покането многу колеги
и колешки.
Како што сподели таа за македонскиот дневен весник „Вест“
таа и покрај се си поминала доста убаво со нејзините пријатели, роднини,
политичари и бизнисени, но се разбира она што најмногу ја направило среќна е
присуството на нејзиното семејство.
И посакуваме успех со новиот албум кој со сигурност ќе
биде најпродаван помеѓу македонците ширум светот.
Автор: Наташа Секуловска
No comments