Македонските пејачи стануваат се популарни и во Хрватска
Летото е омилената сезона на многу луѓе, затоа што покрај
одморите и патувањата е исполнето и со многу хитови песни. Се знае дека убавата музика нема граници, па
затоа македонските пејачи стануваат се популарни на Балканот.
После Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија,
Турција, Хрватска е следната земја во која нашите пејачи се радуваат на
љубовта на фановите. Доказ за тоа е што Влатко Лозановски - Лозано и Џесика Палашоска се вклучени во гласањето за „Летен хит на Балканот“, во најпознатото
хрватско списание Folk Estrada со песните „Како тебе нема друга “ и „Готово е“.
До 15 август секој може да гласа за нив во Facebook, а формулата е “1 Like= 1
vote”.
Автор: Наташа Секуловска
No comments