Анелија со неверојатен концерт го претстави новиот албум „Феноменална“
Бугарската пејачка Анелија вчера во Paradise Center во
Софија изнесе свој концерт пред многубројната публика на кој ги претстави
своите песни од новиот албум „Феноменална“.
Во придружба на групата на Дани
Милев ѕвездата предизвика неверојатни емоции за сите во салата, а наскоро
концертот ќе биде емитуван и по телевизијата Планета. На сцената со неа се качија и нејзините дуетни партнери - Миро, Преслава и Гъмзата.
Од името на продуцентите од музичката компанија
"Пайнер"-Борис Дали и Крум и подарија огромен букет, додека пак исто
така присуствуваа и нејзините колешки Цветелина Јанева, Галена, Есил Дуран, Нелина
како и Ивана. Букети и сентиментални подароци беа дел од изненадувањата со кои ја изненадија нејзините големи фанови, а таа не криеше дека овој концерт ќе го памти по убавите нешта засекогаш.
Исто така, Анелија не пропушти да се заблагодари на сите кои
присуствуваа на концертот истакнувајќи
дека најголемата подршка низ годините ја добила од нејзините фанови, од
музичката компанија "Пайнер", како и од нејзината мајка Светла и ќерка Ивон.
Автор: Наташа Секуловска
Слики: Теди Грозданов
No comments