Секси и провокативна: Џесика Палашоска сними спот за песната „Готово е“
Џесика Палашоска е готова со нејзиниот нов музички проект
кој го носи насловот „Готово е“ и ќе биде претставен со видеозапис наскоро.
Песната е по музика и аранжман на Дејан Момировски, додека пак текстот е дело
на Борче Нечовски.
За потребите на спотот пејачката својата руса коса која и
е заштитен знак со години, по
иницијатива на нејзиниот стилист Зоран Шурбески решила да се појави со црна
коса и да се претстави во малку поинакво светло, од она во кое ја имаме видено
досега.
-„Си се допаѓам
како црнокоса, но русата коса не ја менувам за ништо. Отсекогаш сум била и ќе
си останам секси русокоса“ – изјави Џесика за весникот „Вечер“.
Всушност, нејзината најнова песна ќе биде најава за
нејзиниот прв музички албум кој треба да излези следниот месец.
- „Албумот веќе е готов и промоцијата е закажана за идниот
месец. Со овој спот ја најавувам неа. Текстовите од песните ги потпишува Борче
Нечовски, музиката и аранжманите се на Дејан Момировски и презадоволна сум од
нашата соработка“ – дополнува пејачката
за “Вечер“.
Ексклузивно
за нашиот сајт ќе имате можност да погледните неколку фотографии од снимањето
на спотот кој се снимаше во Охрид и Струга.
Автор: Наташа Секуловска
No comments