(Интервју) Маја Беровиќ: Bажно да бидеш свој, а не нечија копија!
Младата пејачка Маја Беровиќ во ексклузивно интервју за
Estrada World открива детали за нејзиниот најнов албум „Opasne vode" кој
пред некој ден се најде во продажба и наиде на одличен прием од страна на
публиката. Исто така ќе прочитате низ интервјуто дали подготвува и солистички концерт, како и
дали наскоро заминува на турнеја низ Австралија или Америка.
Зд Здраво Маја, мило ми е што ја прифати мојата
покана да ми бидеш
гостинка.
- Нема на
што.Фала вас за поканата. Мило ми е што ќе се дружам со вашите читатели.
2.
Неодамна, во продажба се најде вашето ново
ЦД-то "Opasne vode", во издание на "Сити рекордс и DH музика". Кои се реакциите на
публиката?
- Многу
сум задоволна од реакцијата на публиката. Јас и мојот тим бевме сигурни во
успехот на новите песни, али секако дека потврдата од публиката е секогаш во
тоа плус.
3.
Албумот
го подготвувавте две години и содржи 9 песни. Зошто баш за песната „
Alkohol” се одлучивте да ја претставите прва од новиот албум?
- Првиот
Пинков фестивал се одржа во моментот кога имавме готви две песни, па бевме во
дилема дали на фестивалот да учествувам со песната “Alkohol” или таа другата. Одлука беше донесена за песната „Alkohol” и не зажаливме. Морам да кажам дека таа песна за
роденден ја добив како поклон, од мојот соработник Дамир Хандановиќ, па можеби
и тоа малку придонесе да се одлучам за
таа песна.
4. Баладата „Volela sam te ko majka” има голема и
извонредна цврстина и тежина. Како вие лично ја
доживувате?
- Да, вие
сте во право. Оваа песна има посебна и силна емоција. Затоа ми е една од
омилените на новото цеде и била сум сигурна дека девојките прво ќе реагираат на
таа песна, па затоа и спот е направен за неа.
5. И овој албум сте го претставиле со Artwork како и претходниот. Со кој режисер соработувавте овој
пат?
- Исто
како и претходниот пат и за новите артворкови
ги направи сјајниот Дејан Миличевиќ. Јас и тој имаме посебна соработка, во
смисла дека одлично се разбираме во работата и исто размислуваме, така да тука
не може да дојди до грешка. Доказ за тоа се и новите артворкови за новите
песни, за кои сум добила многу пофалби. Покрај тоа, Дејан е голем
професионалец, одлично ја работи својата работа и добар е човек. Тој е од
ретките луѓе со кои сум благодарение на работата, станала добра пријател.
6.
Зошто
избравте новиот албум да излезе под насловот „ Opasne
vode”?
- Долго
размислуваме како да се вика новото цеде
и по која песна да го носи насловот. Имаше и други решенија додека ги
снимавме песните, па едно време и работно се викаше поинаку. На крајот сепак
одличивме цедето да го носи насловот по песната „ Opasne
vode”
7.
Колку е
важно денес како пејач да се слушаат желбите на публиката или е доволно да се има само звучни автори на
песните?
- Публиката
е најважна и таа е она која го дава завршниот збор во смисла дали нешто и се
допаѓа или не. Мене ми е најважна реакцијата на публиката, али исто така важна
е и екипата со која работам. Не е важно звучно име, важен е квалитетот.
Авторите со кои ја соработувам се квалитетни во својата работа. Покрај тоа, јас
имам тим од луѓе со кои работам и важни ми се и нивните мислења, па така за се
одлучуваме заедно, иако мојот збор е пресуден.
8.
Убаво е
да ве видиме вас на големата сцена, планирате ли можеби некој солистички
концерт?
- Искрено
постојат размислувања за таа тема, но се со ред. Секој мој настап на некој
начин е солистички концерт, бидејќи јас настапувам со бенд и вооглавно во
прашање се дискотеки кои примаат и над илјада луѓе, али секако дека
размислуавам за вистински солистички концерт. Се во свое време. Ќе бидете на
време известени.
9. Вие сте
една од
ретките пејачки од
Босна и Херцеговина, која драстично се одвоивте од таа територија и се прославивте
во странство. Што мислите што
беше важно за тоа?
- Работа,
труд и доследност на целта која ќе ја зацртате, е најважна работа во секоја
работа, па и во мојата. Зад мене се многу години работа и труд и тоа даде
резултати.
10Кои се трите работи кои беа неопходни
за успех во моментот на почетокот на вашата кариера, а што
мислите кои се тие трите вредности денес?
- Секогаш
беше потребен квалитет за нешто да се направи како што треба. Така беше и кога
јас почнував, а така е и сега. Квалитетот, и претходно споменатиот труд и
работа се најважни во работата.
11Станавте позната
по песната „Dzin i limunada”. Дали на вашите настапи сеуште се бара таа песна?
- Да, ја
пејам таа песна. Меѓутоа, многу често се случува од публиката некој да ми бара
и друга песна од тоа цеде, кое беше прво во мојата кариера, која не ја бев
вклучила во репертоарот.
12На другите изведувачи полесно им е да искористат идеја
која веќе е реализирана, како сте вие по тоа прашање?
- Јас од
самиот почеток се трудам да бидам различна и да не копирам никој. Мислам дека е
многу важно да бидеш свој, а не нечија копија, бидејќи се раководам од
мислењето дека ниедна копија од кој било не може да биди подобра од оригиналот.
13 Новинарите, па ниту вашите колеги за вас не можат да
кажат дека сте личност склони кон скандали, бидејќи на тој начин никогаш не сте
ја граделе и кариера како тоа го прават повеќето ваши колешки. Дали го делите
мислењето дека со добра песна може да се изгради добра кариера?
- Секако дека
може. Јас сум личен пример за тоа. Секако дека постојат мои колешки како
Драгана Мирковиќ која направи завидна кариера без скандали. Тој пат е многу
долг, али верувајте ми и долготрајен.
14 Како реагирате кога на интернет ќе прочитате нешто
невистинито за вас?
- Фала
Бога, досега нема ништо напишано нешто што отскокнува многу од вистината. Од друга
страна, јас сум некој кој нема што да крие, па така и не се плашам од какви
било пишувања.
15Патувате низ цела Европа за на најдобар начин да го испромовирате
вашиот најнов албум, дали имате можеби покана за турнеја низ Австралија или
Америка?
- Да,
постојат некои покани, али додека не дојде до конкретни преговори и додека се
не биде договорено, не би зборувала за тоа.
1ЗЗа крај, ваша порака за сите обожователи и читатели на - Estrada
World!
- Сакајте
се, слушајте добра музика и уживајте во секој ден од животот. За среќа не е
потребно многу.
Интервју
Наташа Секуловска за Estrаda World
Фото: Лична архива
No comments