Header Ads

Над 100 000 фанови за Джена во Facebook


Официјалната страница на Джена во социјалната мрежа Facebook - DjenaOfficial веќе има над 100 000 обожаватели. Пејачката, која е меѓу најдобрите бугарски пејачки може да се пофали и со завиден интерес во виртуелниот простор.

Официјалната страница на пејачката е основана во февруари 2011 година и е местото каде сите фанови на ѕвездата можат да добијат најточни информации за нејзините проекти, музички настапи и видеоспотови.
Пресреќна од фактот дека бројката на нејзините фанови кои се приклучуват кон нејзината страница од ден на ден се повеќе расти, Джена ја сподели својата радост:

-       -  “Благодарам на сите за подршката. Ве сакам многу“ – напиша таа на ѕидот на нејзината страница.


Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.