Новиот албум на Джена - "Моли се да не почна" веќе е на музичкиот пазар!
Джена ги израдува нејзините обожователи со нов музички албум кој го носи насловот на нејзината
песна „Моли се да не почна“.
Тој содржи вкупно 12
песни, меѓи кои се вклучени и нејзините песни „Неверници“, „Моли се да не
почна, како и нејзиниот актуелен хит „Да ти се доказвам“ кој ужива голем интерес низ клубовите во
Бугарија. Исто така во албумот е вклучен и дуетот на Джена со Андреа - “Пий
едно от мене”.
Но, во однос на новите песни кои ги содржи музичкиот
албум се неколку. Една од нив е песната “Моята награда” која е посветена
на нејзините обожователи. Песната е по музика на Светослав Лобошки и текст на
Мариета Ангелова. На, оваа песна пејачката изјави дека планира да и сними и
видеоспот. Додека пак, друга нова песна е и “Плаче се за мъже”, по
музика и аранжимент” на Калин Димитров, и е представена– на бугарски, по текст
на Мариета Ангелова и на грчки, со наслов “Enа Vradi”, по текст на Dimitra
Roussa.
За љубителите на народната музика, Джена ги вклучи
песните „ “Мила, сестро” и “Празник е Любе, Гергьовден”.
No comments