(Видео) Роксана претстави неверојатен Mashup од балади
Роксана важи за една од најталентираните бугарски пејачки со уникатен глас, која ги освојува срцата не само во соседна Бугарија, a од скоро време и во Србија.
Покрај многубројните проекти кои ги подготвува оваа
балканска ѕвезда, таа на своите обожователи им подари уникатен MashUp со
омилени на сите нас песни. Станува збор за баладите на Mаксим – „Богиньо моя
", Јужен Ветер – „Плаче ми душата“,
Магапаса - „С половин сърце " и Софи Маринова - „Плачещо сърце ".
Овој MashUp може да го погледнете во официјалниот канал
на Роксана во YouTube, а за аранжманот на песните се погрижи нејзиниот син Даниел
Димитров (Daniel Dido Production), кој смело започна да чекори во водите на
музиката.
Истовремено, нејзиниот тотален хит „Кралица“ се радува на
одличен прием кај публиката и до овој момент има регистрирано над 5 милион
прегледи, а во прилог погледнете го MashUp-от.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Роксана - лична архива
No comments