Глорија сподели слики од молитвата на својата внука Галина
Бугарската попфолк дива Глорија, на своите профили во
социјалните мрежи сподели слики од молитвата на својата внука, со која предизвика лавини од
коментари.
„Молитвата на Галина! Добре дојде меѓу нас, мало
совршенство! Цветови да никнат под твоите чекори, сонце да грее во твоите очи.
Биди благословена со ум и добрина – да носиш во тебе секогаш среќа, која нас ни
ја подари од мигот кога ти се појави. Да си здрава, среќна, една убава песна да е
твојот животот и да не радуваш многу сите нас“.
Имено, ќерката на Глорија, Симона Загорова стана мајка на
25-ти февруари и како што е традицијата на 40-тиот ден малото бебе се претставува
на општеството и после молитвата е опкружено пред се со божјата љубов.
Празникот беше вистинска приказна, проследена во роза,
бела и златна боја, која долго ќе се памти, а целата прослава може да ја
погледнете во официјалниот канал на Симона во YouTube.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Планета Тв/ Симона Загорова
No comments