(Видео) Румина - „Вложив дел од себе си во новата песна „Спри го“
Румина подготви
големо изненадување за своите фанови на 17-ти септември кога во соседна
Бугарија го прославуваат празникот на Вера, Љубов и Надеж, претставувајќи ја својата најнова песна. Пејачката е
исклучително среќна, што конечно ја исполнила желбата на сите фанови, кои со
години очекуваат да сними нова балада.
„После повеќе од десет
години одлучив да снимам нова балада, затоа што моите обожователи често пати ме
прашуваат кога ќе има песна во таков стил. Заради тоа решив да ја направам
песната „Спри го“. Тоа е многу личен и емотивен за мене проект, во кој вложив
дел од себе си и ми беше пријатено да работам по него“. – сподели за нас
Румина.
Зад успехот на песната овој пат се потпишуваат Дидо Калпаков, Костадин Милев и Мартин Биолчев кои се погрижија да
направат балада, која ќе се слуша долго време, затоа што сигурни сме дека сите
оние кои понекогаш страдале во љубовта, ќе се пронајдат во неа.
„За мене беше важно да
направам таква песна. Не типична за овој жанр, со порака. Затоа со тимот на Ара Мјзик решивме
премиерата да биде точно кога се прославува денот на Љубовта, Верата и надежот.
Да покажеме дека трите секогаш се заедно поврзани“ - дополни Румина.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Ara Music
No comments