Преслава со голема роденденска забава го прослави вториот роденден на Паола
Преслава која стана мајка пред две години, на 14-ти септември со голема роденденска забава во стилот на рускиот анимиран цртан филм „Маша и Мечока“ го прослави роденденот на својата ќеркичка Паола, заедно со својот сопруг Павел.
Помеѓу гостите беа и нејзината
колешка Джена, со сопругот Атанас и синот Наско, Софи Маринова и Константин со
своите семејства, како и нејзината сестра Ивелина со внуката Викторија.
Имено, Преслава секој слободен миг го користи за да ужива со своето семејство, а пред неколку дена го искачи заедно со својот сопруг, вториот највисок врв во Бугарија – Вихрен висок 2914 метри надморска височина, а не пропушти да го искачи и Кончето кој се наоѓа пак на 2810 метри надморска височина.
Може да се каже дека
искачувањето до него е навистина напорно и тешко, но пејачката како вистински
планинар успеа во тоа, а глетката од врвот е повеќе од феноменална, и може да ја погледнете во видеото во прилог,
кое го сподели Преслава во нејзиниот канал во YouTube.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Преслава/ Планета Тв
No comments