Ексклузивно: После единаесет години, Румина сними нова балада
Музичката ѕвезда на компанијата
„Ara Music“ - Румина, која на македонската публика добро и е позната
од музичките емисии на легендарниот Драган Вучиќ, во кои често беше специјална
гостинка, за новата сезона е готова со балада која ќе го носи насловот „Спри
го“, а тоа стана јасно од промотивното видео кое може да го погледнете во официјалниот канал на Фен Тв во YouTube.
Имено, после единаесет години, Румина одлучи своите
обожователи да ги израдува со баладична песна, за која ексклузивно ви откриваме
дека излегува на 17-ти септември (четврток) и тоа ќе биде нејзината прва песна
за оваа година, откако минатата година ја пушти „Ти си тук“.
Автор:адв.м-р Наташа Секуловска
Фото: Румина
No comments