Header Ads

(Интервју) Бони: „Време е да ги израдувам моите обожователи со нова песна“

 


По повод 6-тиот роденден на вашиот омилен сајт, ви подготвивме интервју со една од најпознатите бугарски пејачки Бони. Без сомневање таа е една од бугарските изведувачки,  која со своите песни ги освои срцата на публиката градејќи зад себе успешна кариера, пред сѐ со својот талент кој многупати е признаван и од страна  на нејзините колеги. Самата таа признава дека одамна ја избрала музиката за своја професија и верува дека со време успеала да ги  реализира сите свои цели.

Estrada World: Бони, сигурна сум дека твоите македонски обожователи ги интересира како ја започна својата кариера, затоа што пееш од 15 години и кој ти подаде рака во тие моменти.

Бони: Најпрвин се радувам што го правиме ова интервју со Вас заедно, точно во ден кој за Вас е специјален и полните 6 години. Празник на кој ви посакувам уште долги години  успешност, затоа што нашите обожователи добиват точна информација за се сврзано со нивните омилени изведувачи. Ви посакувам многу успеси и се најубаво од срце на целиот тим на Estrada World, но и на тебе најмногу. Инаку, благодарна сум на сите мои обожователи во Македонија за интересот кон мене и сега ме враќате малку назад во времето, но ќе биде интересно се надевам да ви раскажам како започна мојата кариера. Тогаш ја немав подршката од моите родители, затоа што пораснав во конзервативно семејство, но благодарна сум што сум одгледана и воспитана од нив. Постојано ги барав местата на кои ќе можев да го покажам мојот талент, едноставно да ме слушнат како пејам и да им го привлечам вниманието на луѓето.  Во тој период значи пред да наполнам 15 години, кога бев уште помала најпознат оркестар беше „Козарската група“, тоа се една фолкорна група кои беа актуелни тогаш. Тие свиреа по околните места каде што живеев, затоа што јас сум од Сливен по потекло и дојде денот кога можев конечно да покажам што можам, едноставно ги замолив да испеам една песна со нив. Потоа, во училиштето каде што учев во Сливен, мојата учителка по музичко Марија Игантова која за жал повеќе не е повеќе живите,  ме однесе во Операта во Сливен, каде што побараа да потпишат договор со моите родители кога ме слушнаа како пејам. Имаше и еден хор со раководител Добринка Биденева, кој броеше вкупно 40 девојчиња  кои пееа народна музика и се запишав, едноставно ја воодушевив со мојот глас. Таа дојде во мојот дом и им објасна на моите родители дека имам голем талент кој заслужува да се слушни и да се види. Започна да ме подучува и ми рече „ќе те направам еден од најдобрите гласови во Бугарија“. Но, потоа еден ден кога отидов во нејзиниот дом затоа што таму ме подучуваше, ја најдов мртва со нејзиното дете и тоа беше вистински шок за мене. Инаку пеев и во резиденцијата на Тодор Живков и имам добивано многу медали кога тој идеше во Сливен и започнав да пејам на сите поголеми настани. Потоа имаше еден период кога во Бугарија идеа многу менаџери и сопственици од Србија кои бараа пејачки за да пејат со оркестари и да пејат на српски јазик. Дојде моментот кога заминав да работам во Србија со еден оркестар од Сливен и се започна да оди по нагорна линија и ме канеа да направам дури и албум таму. По извесен период, се вратив во Бугарија и направив свој сопствен оркестар кој се викаше „Елит“ и се состоеше од 7-8 луѓе и започнав да пејам грчка музика во една таверна во Бургас. Но, одлучив да започнам самостојна кариера и ме поканија да пејам со оркестар „Кристали“. Учествував и во една компилација на песни која ја издаде „Пајнер“ се викаше No Comment и пеев се сеќавам една закачлива песна, а потоа го издадов и мојот прв албум „Клада од страст“ за кој ми помогна еден мој пријател Џузепи – Митко Цветанов.

 

Estrada World: Сега е моментот да ти кажам дека песната „Не питај кога“ ти е една од најпопуларните кај нас и после речиси 15 години.

Бони: Се радувам навистина што ја слушате таа песна и после толку години. Нека помини оваа пандемијата и организирајте еден концерт, на кој со големо задоволство ќе присуствувам.

Estrada World: Имено, дали си размислувала еден ден да не израдуваш со еден самостоен концерт во Бугарија? Мислам дека еден таков настан ќе не израдува многу, после оваа пандемија, која за жал ни го промени целосно нормалниот начин на живот.

Бони: Тоа е навистина добра идеја, но нека да помини оваа пандемија, затоа што сега не е моментот за такви големи концерти. Нека да бидиме само живи и здрави.

Estrada World:На тебе како ти се одрази принудниот  одмор поради Ковид 19?

Бони: Како секој еден човек бев дома, не можам да се пожалам, затоа што јас сум еден позитивен човек и дури во најтешките мигови и ситуации јас не ги гледам работите со тага, туку само позитивно, без толку страв и паника. Се одморив дома, започнав да работам на нов албум и нови песни.

Estrada World: Во тој период ти се појави песната „Вирус и секс“ и  за брзо време собра безброј позитивни коментари помеѓу попфолк слушателите.

Бони: За време на пандемијата ми се роди идејата дека треба да ги натерам луѓето да се насмејат и да има нешто да ги развесели. Таа е всушност мој авторски хит од пред 25 години и се викаше „Оган и лед“  и решив да и направив нов аранжман и нов текст. Сега ексклузивно ви откривам дека  ќе биде вклучена во новиот мој албум со новата верзија, но  и со стариот аранжман. Имаше потреба на луѓето да им дадам малку надеж дека се ова ќе помини.

Estrada World: Што  им подготвуваш ново на твоите обожователи?

Бони: Подготвувам нов албум за кој ви спомнав, но уште не е готов. Во него сакам да вклучам и народни песни. А, имам готови и други нови песни, но една веќе ми е целосно спремна и да ја очекувате уште овој месец . Таа пак ќе има една забавна нота и носи многу расположение и една порака кон сите оние кои си го прават животот сложен, да престанат со тоа, и да започнат да уживаат во него.

 

Estrada World:Кои се предностите, а кои недостатоците да бидеш самостоен продуцент?

Бони: Предностите за да бидеш самостоен продуцент е тоа што можеш да правиш песни кога имаш муза и кога ќе посакаш. За сите овие 25 години сите песни кои ги имам создадено, се песни кои лично јас сум ги почуствувала или сум ја создала нивната музика или текст. Тоа е една интиуција да направиш нешто и да не згрешиш. Едноставно чуствуваш дека имаш идеја за песна, му се јавуваш на композиторот за да се оформи од идеја во еден проект, снимаш видео, се организираш и брзо стануваат  работите. Така имам повеќе продукција и сум присутна постојано на сцената. За да успееш толку години, треба да си присутен постојано во работата, а кога си во фирма треба да добиеш одобрение за една песна, а  тоа не е добро по мое размислување.

Estrada World:Дали имаш запишувано песни кои не се по твои вкус, но пак се сметаат за актуелни?

Бони: Имаше моменти кога сум направила песни кои не се за мене, тоа е една песна која пред многу години не сакав да ја пејам се викаше „Палава мајмунка“ затоа што не ми се допадна текстот,  но за тој период таа стана хит помеѓу луѓето и до ден денес ја пејат.

Estrada World: Како успеваш секогаш да си толку различна на музички план? Од каде ти се раѓаат идеите за проектите и од каде ја црпиш енергијата и инспирацијата?

Бони: Тоа е внатре во мене, нели тоа што го имам како талент јас верувам дека Бог ми го даде и тој ми ја дава силата. Начинот од кој црпам енергија е тоа што сум многу позитивна личност и кога човек е  позитивен и насмеан и душата  му е чиста се му е отворено и во тој момент црпам инспирација.

Estrada World: Нема како да не те прашам, како стигна до идејата да запишиш дует со српскиот пејач Емир Дулович? 

Бони: Тие ме побараа всушност, затоа што јас не сакам да правам кавари и компoзиторот на песната „Време е“ ме замоли да ја запишам со Емир, и на тој начин тој доби можност да го слушни Бугарија и да го запознае и тој потпиша и договор со мојата компанија „Boni Star“ за да може да настапува низ територијата на Бугарија, и во овој момент кога има настапи кај нас, тоа е преку мојата компанија. Ме избрале точно мене, бидејќи сепак имам 25 години зад себе кариера и публиката добро ме познава. 

Estrada World:Што мислиш за македонската сцена? Имаш ли омилени изведувачи? Дали можеби познаваш некои од нив лично или пак имаш желба да запознаеш?

Бони: Тоше Проески нека почива во мир многу беше добар човек и пејач, потоа Есма Реџепова еден неверојатен изведувач и голема легенда. Иначе би се радувала да направиме еден проект со некој талентиран ваш изведувач.

Estrada World:Твоите обожователи коментираат дека изгледаш поубава од секогаш, забележав и јас промена, можеби точна е поговорката „жените се како виното, колку се повозрасни, толку се поубави“...

Бони: (се смее) Јас се шегувам дека сум како градот Софија.  Софија се развива постојано, но не старее.

Estrada World:Македонската публика ја интересира кога ќе имаш концерт кај нас, дали можеби после оваа пандемија?

Бони: Со задоволство би дошла, само се да помини, јас верувам дека за брзо се ова ќе заврши и ќе направиме еден концерт. Сакам да направам дует со македонски колега или колешка. Само да сме живи и здрави.

Estrada World:За крај ти благодарам за оделеното време. Која е твојата порака кон сите твои обожователи и читатели на Estrada World.

Бони: Им посакувам на сите луѓе, на сите мои обожователи, на вашите читатели пред се здравје, насмевки, среќа и се најдобро во животот.





 Интервју: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Бони

 

 

 

 

 

 

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.