Header Ads

(Фото) Галена со новогодишно изненадување за обожователите

Галена


Бугарската дива Галена во првите мигови од Новата година ги израдува своите обожователи со веста дека им подготви изненадување, на сите оние кои ќе дојдат на нејзините настапи оваа година.

Имено, попфолк ѕвездата подготви календар со екслузивна фотосесија, како што тоа го направи и изминатата година.
Галена - Календар 2020

„Минатата година ми стана многу убаво кога го споделувавме заедно започнувањето на секој месец, затоа одлучив да ви подготвам едно мало „благодарам“ за сите кои сакаат да ме „гледаат“ секој ден. Ви го претставувам календар Галена 2020 година кои ќе ви го подарам на нашите средби и ќе ги одбележуваме заедно во него сите ноќи кои ќе ни поминат со слатки емоции. Со желби за најубави мигови во новата 2020 година“ – изјави таа.

Календар 2020 г.

Календар 2020 г.

Напоменуваме дека календарот на Галена нема да е достапен за купопродажба, но од нејзината матична компанија „Пајнер“ како и секоја година, таа и оваа, не пропуштија да изработат календари со најпопуларните имиња на компанијата, меѓу кои се вбројува и Галена. Црнобелиот календар може да го купите во продавниците од компанијата ширум Бугарија, но и да го порачате преку Emag.bg.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.