Header Ads

Ексклузивно: Бугарската пејачка Бриана стана мајка за прв пат

Бриана и Евгени Систов


На 20-ти јануари  бугарската ѕвезда Бриана и нејзиниот сопруг Евгени Систов станаа родители за прв пат, по што оваа дата познатата пејачка ќе ја памти засекогаш. Радосната вест ја соопшти прва самата изведувачка во нејзината официјална страница во  Facebook.

„Благодарам на Господ што ни ја даде и оваа среќа - да си имаме ќеркичка на име Ивајла. Благодарам на сите блиски и пријатели кои не поздравија за овој радосен настан. Со големо нетрпение те дочекавме и многу те сакаме, сонце наше“ - напиша Бриана.

Малата Ивајла е родена во Софија, со 50 см и тежина од  3,650 кг. Целиот тим на Estrada World го честита раѓањето на новиот челн во семејството Систови, со желби за среќно и безгрижно детство.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.