(Фото) Глорија си подари романтичен одмор на Малдивите
Глорија |
Бугарската попфолк ѕвезда Глорија, не
изневери на својата долгогодишна традиција да замини на одмор во некоја од
далечните егозтични дестинации во текот на месец јануари, но овој пат друштво и прави нејзиниот сакан
Јордан Џермански.
Имено, после неверојатниот успех на својот нов
музички албум „Любовта настоява" кој за кратко време е речиси целосно распродаден,
исто како и нејзината автобиографична книга „До последната усмивка“ која официјално
излезе на 10-ти јануари, сосема заслужено таа одлучи да одмори од сите јавни
изјави и настапи.
Глорија |
Глорија, споделувајќи слики од одморот на
Малдивите на социјалните мрежи, со
својата прекрасна фигура успеа да ги собере погледите на сите. Како што
открива, сето тоа е благодарение на спортувањето и строгиот хранителен режим.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments