Елена Велевска ги расплака нашинците во Австралија и продолжува да ја освојува Бугарија!
Нашата најпозната фолк- поп пејачка Елена Велевска после
успешната турнеја во Австралија која траеше еден месец, повторно е на територијата
на нејзината родна земја, подготвена за настапи.
„Многу сум задоволна од тоа како помина турнејата. Имавме
закажано 10 концерти,но се случија повеќе на барање на публиката.Неизмерно сум
среќна што публиката ја препозна искрената емоција во песната "Една е
мајка.Се случуваше по три пати да ја изведувам,многумина се
разнежнија,заплакаа... По пристигнувањето во Македонија заминав на веќе
закажаните настапи во Бугарија. Варна и Софија беа дестинациите на кој имав
настапи,настапи на кои преовладуваа македонските песни “ – сподели ексклузивно
за нас Елена.
Изведувачката на музичката продуцентска куќа „Пайнер“
се радува на огромен интерес од страна и на бугарската публика, откако ја
претстави самостојната песна „Погледни ме за край” и дуетната со Борис Дали - “Ще си моя”, како и песната
„Една е мајка“ која никој не го остава рамнодушен, при што на неодамнешниот
настап во Варна, каде што настапуваше заедно со оркестар „Канарите“ и настапот
во Софија, публиката пееше во еден глас
со неа.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Лична архива
No comments