Джена се враќа на музичката сцена, подготвува и нова песна!
Бугарската ѕвезда на телевизија „Планета“ – Джена, ексклузивно
објави дека официјално се враќа на
музичката сцена на 1 јуни, откако во јануари оваа година се повлече поради
бременоста.
Ова е најсреќната вест за нејзините многубројни обожаватели, кои
долго време ја очекуваат да ја видат и по клубните настапи, а интересот кон неа
е исклучително голем. Доказ за тоа е и песната „Зависима“ која излезе во септември
минатата година, а се уште е една од најслушаните песни во соседна Бугарија, но
и пошироко.
Пејачката е во одлична форма по раѓањето на својот
првороден син Атанас III, и е подготвена за спектакуларното враќање на 1 јуни,
кога е закажан настапот во Софија во Plazza Dance Sofia, а следниот ден ќе биде
готинка во клуб "Асторија" во Бургас. Настапите ќе продолжат тој
месец и во Габрово, Смолјан, како и во Пловдив. Исто така, таа е готова и со
чиста нова песна, која ќе биде претставена со видеоспот за неколку дена.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ
No comments