(Премиера) „Andjeo drugog reda“ е најновиот спот на Цеца Ражнатовиќ, снимен во Црна Гора!
Српската фолк дива Цеца Ражнатовиќ сними спот за песната
„Andjeo drugog reda“ од нејзиниот последен албум „Autogram” кој излезе речиси
пред една година.
Музичката ѕвезда заедно со својата екипа, внимателно ги
одбираше локациите на кои ќе го сними видеоспот за песната, со што изборот
падна на тврдината Мамула, во Которскиот Залив кој изобилува со својата убавина
и допринесе видеото да изгледа како од бајка.
Во емотивното видео учество зема и познатиот манекен и
ММА борец Флоријан Мунтеану, а
потсетуваме дека песната е дело на Дамир Хандановиќ и Марина Туцаковиќ.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Марина Бугарциќ
No comments