(Видео) Емануела повторно провокативна!
Емануела ја претстави својата најнова песна „Виновна“.
Овој пат сексапилната бугарска ѕвезда на телевизија Планета заложи на
самостојна песна, откако оваа година ја пушти песната „Незаменима“ ft Марија
Цветкова и дуетот со колегата Галин - „5,6,7,8“,
а со тоа ја затврди својата позиција на топ ѕвезда.
Песната е по музика и аранжимент на Даниел Ганев, а стиховите
се дело на Анастасија Мавродиева. За видеото пејачката се довери на режисерот
Александар Моллов, а со тоа Емануела повторно успеа да предизвика лавина од
коментари низ социјалните мрежи. Типично во свој музички стил, таа остана верна
на својот стил и ги израдува фановите со нешто оригинално и различно од се што
до овој момент има претставено. Видеото за само 22 часа регистрира повеќе од
150.000 прегледи во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube –
PlanetaOfficial.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Кристијан Димитров
No comments