Header Ads

Саша Ковачевиќ руши рекорди со „Zamalo tvoj“

Уште еднаш Саша Ковачевиќ  докажа дека е Музичкиот идол на младите. Вистински бум предизвика неговиот нов музички спот за песната - "Zamalo tvoj". Ова го покажуваат и рекордниот број прегледи кои проектот ги регистрира уште во првите пет дена од излегувањето, а во моментов има повеќе од 1.000.000.

Режисер на парчето е познатиот режисер Педро Васкез кој е познат по тоа што ги режисира спотовите на Енрике Инглесијас, Џенифер Лопез, Шакира, а спотот е снимен во Куба, додека како автори на новото парче се Раде и Саша Ковачевиќ, додека пак текстот е на Милош  Рогановиќ.

Во моментов Саша е на концертна турнеја кај нас, а фановите ќе имаат можност да ја слушнат песната во живо на неговите концерти во Пехчево и Охрид.
Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.