Header Ads

Романтично лето за бугарската пејачка Джена

После големата блескава свадба, која ја приреди бугарската пејачка Джена со Атанас Стоев и романтичното патување во соседна Грција на Закинтос, пејачката повторно се врати на музичката сцена.

"Веднаш по свадбата заминавме за Грција, бевме во Закинтос и се одморивме прекрасно само ние двајцата - многу љубов, многу прошетки, си изнајмивме и  свој брод,  пливавме и се наполнивме со нови сили за работа",  - открива Джена.
Имено таа  е чест посакуван гостин не само во Бугарија, туку и во странство и често патува по светот за меѓународни концерти. Оваа седмица таа ќе пее во Обединетото Кралство, каде што со своите хитови ќе ги радува своите многубројни обожаватели.

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.