Header Ads

Преслава го прослави роденденот со нов хит "Няма да ти пиша"!

Денес е многу посебен ден за "Пејачката на 2015", Преслава, бидејќи на 26-ти јуни ѕвездата го слави својот роденден. 
Уште со првите секунди, пејачката беше изненадена со уникатно видео подготвено специјално за нејзиниот роденден од нејзините колеги и пријатели, како и од најблиското семејство кое може да го погледнете во нејзината официјална страница во социјалната мрежа Facebook. Многу поздрави и подароци доби Преслава, но исто така и по друго нешто ќе го помни овој ден.
Денес беше и  премиерата на нејзиниот најнов спот  "Няма да ти пиша". Песната носи многу летно расположение, а е по музика и аранжман  на Даниел Ганев, а стиховите на Радостина Денчева.
Estrada World и посакува на Преслава многу здравје, среќа и уште многу хитови во кариерата!
Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.