Анелија и Danny Levan со летен хит „В моя ум“ снимен во Турција
Откако ги освои топ листите со музичкото предложение „Гот
ми е“ бугарската пејачка Анелија ги израдува фановите со ново парче.
Дуетот со Danny „В
моя ум“ е поп парче со етно елементи и е
по музика на Николај Пашев, додека текстот е на Јордан Ботев. Спотот е летен,
забавен, со љубовен мотив и е снимен во
Турција. Токму во Аланија, Анелија и Danny за прв пат учат да управуваат
скутери, каде што пејачот дури претрпува лесен инцидент за време на снимањето. Но,
на крајот резултатот е повеќе од очигледен – Анелија повторно има песна која
долго ќе се помни.
Автор - Наташа Секуловска
No comments