(Видео) Цветелина Јанева и Галена снимија спот во ромско мало
Две од најголемите имиња во бугарскиот поп-фолк се собраа
за заедничко парче. Цветелина Јанева и Галена го снимија нивниот прв дует „Пей
сърце“.
Песната е по музика на македонскиот композитор Оцко,
додека пак текстот е напишан од Мариета Ангелова. Песната е многу весела и носи
топло расположение, што сигурно ќе им се допадне на фановите кои сакаат да се
забавуваат. Видеото е снимано во ромското мало во Софија, а режисер е Николај
Нанков.
"Признавам дека имаше доста возбуда покрај овој
проект, бидејќи ние многу години сме си зборувале за такво нешто, но никогаш ја
немало точната песна и точната идеја за тоа како да се случат работите" -
изјави неодамна Цветелина Јанева пред Планета ТВ.
Погледнете што се случува во мини филмот „Пей сърце“:
Автор: Наташа Секуловска
No comments