Header Ads

Анелија со нов хит! Погледнете ја песната „Гот ми е“

Бугарската пејачка Анелија ја представи својата прва песна за новата сезона.
 Парчето се вика „Гот ми е“, и е по музика на Даниел Ганев и текст на Петја Радева. Во видеото учествува и егзотичната девојка  Мириам Саид, како и Мартин Бонев. Видеото е исполнето со многу пријатни моменти представени преку пејсажите, добрата компанија- се она што е потребно за да се тргне на една добра дестинација.


"Работев напорно оваа пролет и резултатите се присутни. Веќе снимавме три спота, четвртиот претстои веднаш по празниците. Ќе ги пуштам парчиња речиси едно по друго, но не се плашам од тоа, бидејќи секое едно од нив е многу различно од другото. Две од нив се мои самостојни, имам и еден дует со поп изведувачот Danny Levan и една соработката со цела голема група. Но нема да издавам повеќе да не се губи ефектот од изненадувањето ", изјави Анелија за нас.
Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.