Джена со нова песна - „Дразни ме пак“!
„Дразни ме пак“ е најновото парче на бугарската пејачка
Джена кое е по идеја на пејачката и нејзиниот
свршеник Атанас Стоев - Џуниор. Музиката е создадена од неа и нејзиниот колега, виолинистот Ѓорѓи Георгиев, аранжманот е на Боби Павлов, а
текстот е на писателката Анастасија Мавродиева.
Морскиот спот, кој изобилува со летно расположение е дело
на режисерот Ивајло Спасов, а е снимен во Равда, во кој специјално учество има
и балет Fame. Она што го предизвика вниманието кај публиката е пиратското знаме
на кое пишува „Джена или смрт“ кое всушност е симбол на нејзина фен група во
социјалната мрежа Facebook.
Само неколку минути по премиерата си, песната даде сериозна
најава дека ќе се претвори во една од омилените песни оваа лето, а можеби и
еден од најжешките хитови на сезоната.
Автор - Наташа Секуловска
Фото - Атанас Стоев
No comments