Header Ads

Цеца со нов музички албум во јуни

Кон крајот на месец јуни една од најпосакуваните пејачки на Балканот Светлана Ражнатович- Цеца ќе издаде нов албум, откако пред три години излезе албумот "Poziv" кој содржеше десет песни.

Автор на новиот албум се потпишува српскиот композитор Дамир Ханданович со кој пејачката работеше и на претходниот албум во 2013 година.

Имено, минатата недела Цеца беше во студиото, каде ги снимаше новите песни кои со сигурност ќе се претвораат во големи хитови, но засега не открива повеќе детали околу новиот албум додавајќи само дека тој ќе биде изненадување за сите фанови. Дали тој ќе биде претставен со голем концерт останува само до чекаме до премиерата.

Автор: Наташа Секуловска

Фото: "Gloria"

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.