Header Ads

Преслава и Фики се категорични - “С теб или никой друг”!

Првиот дует на Преслава и Фики “С теб или никой друг” ја  доби својата премиера во ефирот на телевизија "Планета" и Planeta Official во Youtube на 8 декември посветен како ден на студентите и за помалку од деноноќие успеа да регистрира исклучително висок процент на гледаност.

Автор на музиката и аранжманот на парчето  е Даниел Ганев, а текстот е на Росен Димитров. Видеото е режисирано од страна на режисерот Љуси, со што Пејачката и Пејачот на 2014 година докажаа дека имаат осет за хит, со оглед на тоа што песната предизвика лавина од позитивни коментари низ социјалните мрежи и рекордни 220 000 прегледи за помалку од 24 часа.
Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.