Header Ads

(Видео) Емилија и Борис Дали со невозможна љубов во „Обичай ме“

Емилија и Борис Дали после две години потрага по идеална песна за нивниот дует, конечно ја претставија песната „Обичай ме“. Композицијата предизвика вистинска еуфорија помеѓу нивните фанови, оценувајќи ја како дует на годината за која двата исполнители добија многу пофалби и позитивни коментари, особено за силниот текст во кој е испеана невозможната љубов.

"Со Борката од доста време планиравме заеднички проект, но дури сега се појави точната песна. Речиси како и во случајот со Тони Стораро, кога се заканив дека нема да правам повеќе дуети и Борето ми се јави со овој предлог. Како и кај "Пит Бул" така и сега, штом ја слушнав не мислев на ништо друго освен да ја правиме веднаш ", изјави Емилија.

Баладичната песна е по музика и аранжман на Николај Пашев и текст на Анастасија Мавродиева, додека пак за оригиналното видео се погрижи Николај Скерлев. Инаку, во моментов и двајцата изведувачи работат по нови песни кои ќе ги видиме во текот на 2016 година.
Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.